Вељаноски: Не постојат никакви причини да имаме одвоени претседателски и парламентарни избори, освен поради партиските калкулации на власта

 

 

Поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски преку статус на фејсбук укажа дека не постојат никакви причини претседателските и парламентарните избори да се одржуваат одвоено, освен како што вели, поради „партиските калкулации на власта“.

„Во изминативе 33 години може да се забележи дека дури во три наврати (односно во 1994, 2009 и 2014 година) се одржале два изборни процеси истовремено. Оттаму, кога станува збор за следните парламентарни и претседателски избори, апсолутно јасно е дека не постојат никакви финансиски, економски и/или безбедносно-политички причини да имаме одвоени претседателски и парламентарни избори, освен заради партиските калкулации на власта“, напиша Вељаноски.

 

09.10.2023 - 09:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега