Велосипедист прегазен на Партизанска

Велосипедист бил прегазен од автомобил во сообраќајна несреќа што се случила вчера на булеварот Партизански одреди.

„Автомобил управуван од Г.С.(45) од Скопје удрил во велосипед, управуван од Р.Ј.(75) од Прилеп“, соопшти МВР.

Во незгодата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“.

Извршен бил увид на местото на незгодата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.05.2021 - 12:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега