(ВИДЕО) Ахмети утрински си запеа на денот кога се одбира прв премиер Албанец во државата
Непосредно пред изгласувањето на техничката влада, која за првпат ќе биде предводена од премиер Албанец, лидерот на ДУИ е видно расположен. Денот му започна со песната на Калош Дани.
Министерот Артан Груби реши да го овековечи тој момент, па ги сними и видеото го објави на социјалната мрежа „Фејсбук“.
„Многу емоции, пријатели. Али Ахмети му пее на Калош Дани“, напиша Груби во описот на видеото.
28.01.2024 - 10:40
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа