(ВИДЕО) Биљали Зендели: Греота е за граѓаните ако не се изгласаат уставните измени
Пратеничката од редовите на ДУИ, Арта Биљали Зендели во вечерашното гостување во „Само вистина“ на Канал 5 ТВ изјави дека се надева oти барем 80 или 90% од пратеничката група на опозицијата ќе гласа за уставните измени.
„Јас пак мислам дека ќе има разум, рацио и дека опозициските пратеници ќе гласаат за уставните измени. Искрено се надевам дека овој пат, тоа нема да бидат 6, 7, 8 пратеници, туку целата пратеничка група или барем 80, 90%. Инаку, најпросто кажано, греота е за граѓаните. Ако имаме можност да им нудиме подобар живот, интеграција во ЕУ ние знаеме дека треба да се исполнуваат и услови, меѓутоа, демократијата е процес што постојано се развива“, изјави Биљали Зендели.
„Влегувањето во ЕУ не значи дека ние ќе останеме овде, со овие проблеми коишто ги имаме, нон-стоп треба да се негуваат и затоа јас мислам дека тие ќе успеат, ќе соберат сила и на крај ќе гласаме заедно за да и оваа земја биде дел од ЕУ“, додаде пратеничката од ДУИ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа