(ВИДЕО) Бизарна тепачка меѓу две сестри пејачки среде улица - Едита и Инди направија хаос

Познатите пејачи и сестри Инди и Едита Арадиновиќ се степаа на сред улица, објави српскиот портал Информер.

На објавената снимка се гледа како двете се валкаат по улица додека се расправаат, а непознато момче се обидува да ги раздели.

Во еден момент, се слуша како Инди и вика на Едита „дај ми го телефонот“, по што истиот завршува фрлен неколку метри подалеку.

Познато е дека двете сестри од порано не се во добри односи, но во последно време медиумите пишуваа дека нивниот однос го подобриле. Но, очигледно не е така.

Што е причината за кавгата и тепачката се уште не е познато.

27.01.2023 - 18:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа