ВИДЕО: Дали шиените маски штитат од зарази - научниците симулирале кашлање и го следеле патот на капките

Научниците од Универзитетот Флорида Атлантик ја проучувале ефикасноста на домашните маски во спречувањето на ширењето на коронавирусот.

Откриле дека ако лицето не е покриено со маска, капките патуваат до 3,5 метри во 50 секунди.

Памучната шиена маска - со повеќе слоеви, најмалку намалува, според симулацијата, ширење на коронавирусот, иако на врвот од маската дошло до течење помеѓу носот и материјалот. Кога на кукла ѝ била ставена оваа маска, капките од лицето патувале само 2,5 сантиметри. Маската која е добро припиена за носот исто така добро функционирала, така капките отпатувале 20 сантиметри од лицето.

Меѓутоа, еднослојната маска, направена од еластичен материјал на маица, била помалку ефикасна, Капките излегле од материјалот и одлетале дури повеќе од 1 метар.

Сепак, иако медицинските маски кои се тестирани во оваа студија даваат различни резултати и доаѓа до ширење на капките, тие се ефикасни во спречување на ширење на вирусот, напишале авторите на ова истражување.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.07.2020 - 19:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега