(ВИДЕО) Драматични сцени во Аргентина: Навивачи спасуваа бебе низ бодликава жица

Жестоки судири меѓу навивачите и полицијата го одбележаа натпреварот од аргентинскиот Лига-куп помеѓу Годој Круз и Белграно.

Натпреварот беше во прекин од половина час поради конфликтот меѓу локалните навивачи и полицијата.

Конфликтот се случил пред стадионот кога навивачите, кои немале билети, се обиделе да влезат на трибините, пренесуваат медиумите.

Според написите, ветерот го внел солзавецот на трибините и настанала општа паника, а на видеата што се појавија на социјалните мрежи може да се забележат навивачи како спасуваат деца што беа на трибините.

Меѓу нив имало и бебе, кое со голема тешкотија го провлекле низ бодликавата жица и на тој начин го заштитиле од солзавецот што го дувал ветрот, јавуваат медиумите во регионот.

18.09.2023 - 12:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега