ВИДЕО: Еден од најсилните земјотреси досега го погоди Мелбурн - се треселе зградите, жителите панично бегале

Земјотрес со јачина од 6 степени, еден од најсилните што е забележан во Австралија, го погоди југоистокот од оваа земја.

Од потресот штета претрпеа неколку згради во Мелбурн.

Епицентарот на земјотресот бил во близина на руралниот град Менсфилд, на околу 200 километри североисточно од Мелбурн, на длабочина од 10 километри.

Земјотресот бил почувствуван и во соседните Јужна Австралија и Нов Јужен Велс.

По првиот следел два потреси со помал интензитет, од 4 и 3,1 степен.

Иако ова е најсилен земјотрес во Австралија, нема пријавени поголеми материјални штети, ниту извештај за евентуални жртви.

22.09.2021 - 09:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега