ВИДЕО: Експлозија во Турција, има загинати и повредени

 

Најмалку седум лица загинаа во експлозија во ресторан во Назили, област во западната турска провинција Ајдин.

Гувернерот на провинцијата изјави за агенцијата „Анадолија“ дека првичните наоди покажале дека експлозијата се случила додека персоналот ја менувал празната плинска боца што се користела во кујната околу 15:30 часот.

Тој рече дека во експлозијата се повредени уште четири лица, пренесува агенцијата.

 

 

30.12.2022 - 16:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега