ВИДЕО: Го шетал миленикот покрај езеро кога пред него излегол алигатор - со голи раце го спасил кучето и тоа со цигара во уста

Ричард Вилбанкс од Флорида бил снимен додека го спасувал својот шпаниел од опасен алигатор.

Вилбанкс морал да влезе во плиткото, со голи раце да ја отвори устата на рептилот кој веќе го зграбил неговит миленик и така да го спаси.

Ганер, инаку каваларски шпаниел потоа истрчал и изгледал како да не е сериозно повреден.

Покрај се, мажот цело време имал цигара во уста.

„Шетавме покрај езеро кога алигатор искочи како прокетил. Никогаш не помислив дека можам да бидам толку брз. Моите раце беа цели искасани, но Ганер добро помина со една раничка“. рекол Вилбанк кој додал дека во ниту еден момент не размислувал за својата безбедност, затоа што миленикот го смета како да му е дете.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.11.2020 - 19:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега