(ВИДЕО) Голем пожар во центарот на Сиднеј - гори седумкатница

Денеска во центарот на Сиднеј голем број на пожарникари се борат со пожар кој зафати зграда, итната помош ја опколи областа и ефакуирани се стотици граѓани.

Според објавените снимки, зградата се наоѓа во близина на централната железничка станица во Сиднеј, пренесува Ројтерс.

Пожарникарите соопштија дека успеале да спречат пожарот да се прошири, иако зафатил некои станбени згради во близина

Во гаснењето на пожарот учествувале повеќе од 100 пожарникари со 20 противпожарни возила. Делови од зградата се урнале додека луѓето врескале и панично трчале.

25.05.2023 - 13:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега