ВИДЕО: Груби ја испрати ќерката до училиште - „Честитки за сите наставници, родители и деца “

Денеска, поради пандемијата коронавирус, започна учебната година 2020/2021.

Еден дел од учениците оваа година наставата ќе ја следат онлајн, а еден дел од училишните гклупи. Учениците до трето одделение, освен оние чии родители не се согласиле, наставата ќе ја следат со физичко присуство.

Првиот вицепремиер Артан Груби, на својот Фејсбук профил објави видео од испраќањето на својата ќерка Јуна на училиште и им ја честиташе учебната година на учениците, но и на родителите и на просветните работници.

„Денеска го започнав денот испраќајки ја мојата ќерка Јуна на нејзиниот прв училишен ден за оваа нова учебна година.

Тежок и невообичен е животот, училиштето, но и работата во време на пандемија, но животот што го знаеме не треба да запре, но мора да водиме максимална грижа за јавното здравје за сите нас.

Честитки за сите наставници, родители и деца за овој предизвикувачки почеток на учебната година, со надеж дека ќе биде полн со волја за стекнување ново знаење.

Среќна и здрава учебна година“, кажа Груби.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.10.2020 - 15:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега