(ВИДЕО) Ковачевски: Преговорите со Бугарија како со нож ни го сечеа стомакот - но мораше да прифатиме, зашто немаше друга алтернатива

Преговорите со Бугарија, и за мене и за граѓаните на оваа држава предизвикуваа чувство, јас го имав тоа чувство, и го делам чувството на граѓаните, како некој со нож да Ви го сече стомакот. Ова денеска го изјави премиерот Димитар Ковачевски во своето обраќање на панел дискусијата по пвоод Извештајот на ЕК за Република Северна Македонија под слоганот: „На европскиот пат: Нови реформи, нови можности!”, организирана од вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ.

„Но, на крајот на денот, треба да донесете одлука, дали државата ќе оди во ЕУ, таму каде што има економски напредок, таму каде што има социјална правда и таму каде што има владеење на демократијата, или ќе седите дома, сами изолирани и раскарани со сите. И ја донесов таа одлука. Зошто? Затоа што тие што беа против, тие што беа воздржани, не дадоа алтернатива“, изјави Ковачевски.

14.10.2022 - 10:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега