(ВИДЕО) Ковачевски: Северна Македонија и регионот припаѓаат во ЕУ, оваа историска шанса не треба да се испушти

 

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, се обрати на сесијата: „Искрената регионална соработка го одржува регионот стабилен“, во рамките на Преспа форумот за дијалог, што се одржува во Струга, а на којшто присуствуваат претставници на високо политичко ниво од регионот и од Европската Унија, САД и НАТО.

„Политичката цел на Западен Балкан е полноправно членство во Европската Унија. Местото на сите држави од Западен Балкан е во ЕУ, а регионалните иницијативи се еден од начините на подобра соработка на патот кон полноправно членство во ЕУ. Сите држави од регионот практично сме на тој пат. Регионот денес го има потребниот лидерски потенцијал за носење на такви одлуки.

И тоа што е неопходно сега – е ние да ги удвоиме напорите на секој план, но да ја добиеме и потребната поддршка од европските партнери, за да го забрзаме процесот на интеграцијата“, изјави премиерот.

„Ова го истакнувам од причина што никогаш појасни не биле пораките од нашите стратешки партнери од ЕУ - дека до 2030 година е можно проширување на Европската Унија со земјите од Западен Балкан и дека сега практично работата е на нас, како ќе ги движиме процесите во регионот“, додаде Ковачевски во своето обраќање.

16.06.2023 - 12:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега