(ВИДЕО) Kузеска: Еве ја вистината, Милошоски на бугарски го фали Тодор Александров

Целата јавност вчера во македонското Собрание виде дека пратениците од антиевропската коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Левица се плашат од вистината. Покажуваат огромна нервоза во Собранието затоа што се разобличени сите нивни лаги, измислици. Ги видоа заклучоците на пратениците од владејачкото мнозинство за последниот европски предлог и продолжување на европскиот пат. Сето она што лажно им го сервираа на граѓаните потона во вода, изјави на денешната прес-конференција, Богданка Кузеска, портапролка на СДСМ.

Таа додаде дека имаме целосна заштита на јазичните, идентитетски, културни и историски посебности на македонскиот народ и спроведување на процесот на преговори со ЕУ. Ги слушнаа силните пораки од претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Македонци, со чист македонски јазик во ЕУ, со заштитен македонски идентитет и почитуван од Унијата.

Според Кузеска оттука е нервозата на овие лажни ликови кои свесно ги лажат граѓаните, манипулираат, со единствена цел, да и наштетат на државата, да не продолжи европскиот пат.

На прес конференцијата пуштено беше видео, како Антонијо Милошоски беседи на гробот на Тодор Александров, на бугарски јазик, под бугарски знамиња.

Кузеска истакна дека ова е вистината за Милошоски и ВМРО-ДПМНЕ, на бугарски јазик зборуваат за заедничка историја со Бугарија. Додека ја плашат јавноста со непостоечка бугаризација. Тоа е истиот тој Милошоски кој кодификаторот на современиот македонски јазик Блаже Конески го нарекуваше „џуџето и плагијатор од Небрегово“.

Нема да бараме Милошоски да им се извини на граѓаните, затоа што тој нема никаква доблест, нема образ, нема буквално ништо. ВМРО ДПМНЕ, Мицкоски, Милошоски, Николовски, тоа се едни големи лажговци, ништо повеќе, додаде Кузеска.

15.07.2022 - 11:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега