(ВИДЕО) Кузеска: Гледаме колку е значајно што сме членка на НАТО

-Она што се случува деновиве, воената агресија врз Украина и загрозувањето на нејзиниот суверенитет, покажува колку безбедноста и сигурноста на граѓаните може лесно да биде загрозена. Мирот и безбедноста на граѓаните се од огромно, непроценливо значење, кое за жал во вакви трагични моменти, особено го потенцираме.
 
Како една мала земја, ова ни покажува колку за нас, за Северна Македонија е важно членството во НАТО алијансата, ова го потенцираше портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска на денешната прес-конференција по повод актуелната сосојба со конфликтот помеѓу Русија и Украина.
 
 
„За нас, овој историски успех, ова исполнување на стратешката цел да бидеме членка на НАТО значи сигурност и безбедност на граѓаните. НАТО за нас значи обезбеден суверенитет и територијален интегритет.
 
Денеска можеме јасно да видиме. Нема цена мирот и спокојот на граѓаните, сигурноста која со членството на НАТО ја обезбедивме.
Нашите граѓаните се сигурни и можат да бидат спокојни, како членка на НАТО, ја уживаме заштитата на најмоќниот одбранбен сојуз во светот.
И тоа не е воопшто мала туку голема, огромна работа“, кажа портпаролката Кузеска.

26.02.2022 - 12:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега