Сообраќајна несреќа во Лабуништа: Тешко повреден малолетник на електричен тротинет

 


Вчера во 18.30 часот, во Полициската станица Струга е пријавено дека, во селото Лабуништа, струшко, се случила сообраќајна несреќа  помеѓу мотоцикл „априлија“ без регистарски таблици, управуван од малолетник и електричен тротинет, управуван од малолетник, двајцата од селото Лабуништа.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот кој го управувал тротинетот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.

Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Струга.

04.07.2025 - 11:54

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега