(ВИДЕО) Ласовска: Мега скандал во македонската дипломатија - Горан Цеков извршил сексуално вознемирување врз повеќе жени

 

„Уште еден мега скандал во македонската дипломатија кој ја потресе јавноста овие дена како резултат на катастрофалната кадровска политика на Македонија во однос на дипломатијата и меѓународните односи. Личниот пријател на Никола Димитров, а особено близок на претседателот Пендаровски и амбасадор на Република Македонија во Јапонија и на Бујар Османи, Горан Цеков извршил сексуално вознемирување врз повеќе жени за кој е пријавуван неколку пати“. Ова го истакна на денешната прес-конференција пратеничката Благица Ласовска од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Алармот го вклучила јапонската државјанка која го пријавила Цеков во неколку наврати, но она што е уште повознемирувачко што истиот тој амбасадор истовремено сексуално нападнал и негова колешка од ДКП-то во Јапонија за кого било алармирано во МНР неколку пати, но никој не превземал ништо, потенцираше пратеничката.

„Во сериозни држави каде не владеат антидржавни ентитети како СДС и ДУИ, вакво тешко дело, најмалку  се казнува со одземање на амбасадорското звање, престанок на работниот однос во МНР, оставка на министерот и хиерархиски казни за сите кои  молчеле три месеци за нападот врз жените!

Се поставуваат неколку прашања:

1. Дали скандалот е прикриван неколку месеци заради неговите лични релации со Претседателот Пендаровски?

2. Дали на Цеков ова му е прв ваков сексуален напад?

Согласно законските прописи, сексуалното вознемирување е кривично дело.

Наместо враќање назад, овој господин треба и кривично да одговара.

Борбата против сексуално вознемирување врз жените, мора да биде не селективна и да го опфаќа секој сегмент во општеството.

БЕЗ ИСКЛУЧОЦИ!!“, додаде Ласкоска.

На крај, таа го повика Османи јавно да ги изнесе сите информации од извештајот за дисциплинската комисија каде се наведени сите детали на оваа тема.

31.07.2023 - 11:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега