ВИДЕО: Матуранти со огномет, зурли и тапани го блокираа сообраќајот во центарот на Скопје

Матуранти со зурли и тапани вечерва го блокираа сообраќајот на булеварот кон трговскиот центар „Рамстор“.

Порталот „4News“ пишува дека полицијата доцна пристигнала да го регулира сообраќајот и прославата на матурантите. Полицајците не можеле да се пробијат по „Јужен булевар“, па кружеле и пристигнале од другата страна.

Целата ситуација предизвикала нервоза кај возачите, кои морале да чекаат матурантите да завршат со прославата и огнометот и да се отвори еднонасочната улица.

23.05.2022 - 21:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега