(ВИДЕО) Митева: СДСМ и ДУИ да не вршат притисок врз пратениците - залудно е

 

СДСМ и ДУИ да не вршат притисок врз пратениците, залудно е. Ова го порача портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева на денешната прес-конференција. 

„Владата на Социјалдемократскиот сојуз и ДУИ е позната по своето недемократско однесување, по својата подмитливост, притисоци и политички хајки. Методите на закани се употребуваат на секое ниво. Прво кон медиумите што го видовме сите на дело пред само неколку дена, а еве деновиве и врз нивните членови кои не се согласуваат со политиките на раководството предводено од Ковачевски. Јасна е нивната цел, сакаат преку ваквите методи по секоја цена да ја задржат моќта и власта, но и да ја покријат корупцијата чиј што лидери се токму тие, СДСМ и ДУИ“, изјави Митева. 

Залудно се трудат да вршат притисок врз било кој пратеник, вели Митева.

„Тоа е само уште една потврда за недемократските методи со кои се служи на власта. Доколку власта е свесна за своите порази, доколку мисли добро на сите граѓани тогаш без размислување ќе го распушти Собранието или Ковачевски ќе поднесе оставка на целата влада, затоа што тоа е единствениот разумен и логичен исход на ова што ни се случува. Веќе пет години имаме неодржлива ситуација, имаме влада без стабилно мнозинство и влада која дополнително нема легитимитет. Оваа влада нема капацитет да се носи со кризите кои самата ги создаде, а најмалце со политичката криза“, додаде таа.

20.01.2023 - 12:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега