(Видео) Петрушевски: Секогаш кога СДС и ДУИ се фатени во криминал горат судови
Секогаш кога СДС и ДУИ се фатени во криминал горат судови, се поплавуваат обвинителства или има пожар во Министерството за Правда, обвинува Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.
„Во ек на обелоденување на најголемите криминали за власта, мистериозно се случуваат непогоди, при кои очигледно се уништуваат документи. Кога требаше некој од власта да одговара се случи поплава во ЈО. Кога државата се тресеше од големи скандали гореше Министерство за правда“, вели Петрушевски.
Сега кога секојдневно излегуваат нови криминали афери за владата изгоре архивата на судот во Куманово. По некоја случајност од Куманово е и Оливер Спасовски и Димитар Ковачевски, кажа пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој прашува дали пожарот во судот во Куманово опфатил и документи за Спасовски и Ковачевски или ним блиски лица.
– Што е уништено, а што останало, очигледно со оваа власт нема да дознаеме. Затоа се потребни промени, за ослободување на институциите и создавање клима во која истите ќе бидат слободни да делуваат само по закон, додава Петрушевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа