ВИДЕО: Повторно забави во скопски клубови

Откако рестрикциите се олабавија забавите по ноќните клубови продолжија, пишува „А1он“.

Видеа по социјалните мрежи во изминатите два дена кружат од познат скопски клуб кој претходно неколку пати беше затворан поради организирање забави, иако тие се забранети.

На видеото кое го објави порталот се гледааат претежно млади луѓе, а не може да се забележи дека одржуваат дистанца.

Од Државниот пазарен инспекторат за „А1он“ велат дека екипите се на терен, а засега нема информација дали тие влегле во клубот во кој се напревени снимките.

Според протоколите донесени од страна на Владата за спречување на ширењето на Ковид-19, забранети се забави во угостителски објекти, жива и гласна музика. Гостите не смеат да стојат на шанк и на високи маси. А на маса може да седат само по четири лица и треба да одржуваат дистанца од 1,5 метри.

Угостителите кои нема да ги почитуваат овие мерки може да се соочат со затворање на објектот во период од 10 до 30 дена, парична казна од 5.200 евра и прекршочна пријава.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.05.2021 - 10:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега