(ВИДЕО) Превозниците револтирани : Срам да и` е на градоначалничката, не остави без леб

Ние сме чесни луѓе кои самите инвестиравме во сето она што го имаме, самите си се вработивме, редовно плаќаме даноци а сега се доведовме во ситуација, некои од нас да немаат земнено плата и шест месеци. Срам да и е на градоначалничката! Ова го изјавија приватните автобуски превозници кои во моментов се на протест пред седиштето на ЈСП „Скопје“ каде се собрани и бараат средба со првиот човек на претпријатието Александар Стојковски, пренесува „Слободен печат“.

Превозниците видно револтирани по последната прес-конференција на Арсовска, истакнаа дека се, како што рекоа буквално се згрозени од изнесените невистини околу т.н. продажба на билети без фискални сметки.

Тие на протестот се пожалија и дека доспеаниот долг кој ЈСП „Скопје“ го има кон нив за неколку дена ќе достигне 2 милиони евра.

– Не` оставија без леб. Не можеме да однесеме леб дома. Знаете што значи тоа! Чесни луѓе кои сами инвестиравме, самите се вработивме и погледнете што сака да ни направи, нема да го дозволиме тоа! – револтирано коментираат превозниците.

25.11.2022 - 10:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега