Видео: Први снимки од имотот на Путин кој се чува со противвоздушен систем

Истражувачите на центарот Dossier успеале да го снимат тајниот имот на Путин во Карелија, република во северозападниот дел на Русија, долж границата со Финска.

За таканаречената „Путинова дача“ се знае од 2016 година но досега немаше фотографии и видеа од истата.

Според објавените документи, резиденцијата се простира на 1 квадратен километар. Но, ако на ова се додадат затворените шуми и заливи, површината е поголема од 4 квадратни километри.

„Тајната северна резиденција на Путин во Карелија навлегува во сè повеќе заштитени подрачја, а нејзината територија е веќе двојно поголема од Монако“, напиша Антон Герашченко, советник на министерот за внатрешни работи на Украина, на X.

Водопадот Марџалахти, кој е висок четири метри, треба да биде дел од националниот парк, но пристапот до него е ограничен со ограда со бодликава жица и деноноќно обезбедување. Наспроти водопадот беше поставен белведер за „сопственикот на водопадот“ за да може сам да му се восхитува на бисерот на националниот парк - напиша Герашченко.

Во околината има три згради – колиба за рибари, штала и градина. Но, судејќи по изгледот не личат на колиба или штала, туку се изградени во модерен стил.

Во близина на една од куќите има насип кој бил изграден по почетокот на војната. Новинарите претпоставуваат дека за заштита на Путин таму бил инсталиран противвоздушниот систем Pancir-S1.

31.01.2024 - 12:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега