(ВИДЕО) Пукање во христијанско училиште во САД: Меѓу загинатите и три деца

 

Најмалку шест лица, од кои три деца, се убиени во престрелка во приватно христијанско училиште во главниот град на американската сојузна држава Тенеси, Нешвил.

По добиениот повик, полицијата пристигнала на местото на настанот, го забележала напаѓачот на вториот спрат од училишната зграда и го усмртила. Идентитетот на напаѓачот засега не е познат, но според полицискиот извештај кој го пренесе Си-ен-ен, се работи за 28-годишна жена.

„Тројца ученици и тројца возрасни членови на персоналот од училиштето ‘Ковенант’ беа смртно застрелани од напаѓачот идентификуван како 28-годишна жена од Нешвил“, објави полицијата и не откри можни мотиви за пукањето.

Пожарникарите соопштија дека на местото на настанот пронашле „многу повредени“. На родителите на учениците им било кажано да се соберат во блиската црква.

„Засега знаеме дека загинаа тројца ученици и тројца возрасни. Работиме на идентификување на жртвите. Вклучувајќи го и напаѓачот, најмалку седум лица загинаа во инцидентот“, изјави полицаецот Дон Арон.

Приватното христијанско училиште во Нешвил, Тенеси е основано во 2001 година, а во последниве години има просечен упис од околу 200 луѓе. Во училиштето учат деца од предучилшна возраст до шесто одделение.

27.03.2023 - 20:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега