(ВИДЕО) СДСМ: Скандалозно, за ВМРО ДПМНЕ Фон дер Лајен е нацист

Забеганоста, стравот и примитивизмот на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието ги минува сите можни граници. Денеска, од собраниска говорница ВМРО-ДПМНЕ ја нарече претседателката на Европската комисија Урсула фор дер Лајен нацист. Ова го потенцираат од СДСМ во соопштение испратено до медиумите по писмен пат.
 
„Скандалозно, за ВМРО ДПМНЕ Фон дер Лајен е нацист!
 
Ова е скандалозно, срамно и за секаква осуда, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ по налог на Христијан Мицкоски освен што го резилат Собранието директно ги наредуваат нашите пријатели во Европската унија, го нарушуваат угледот на државата, на Собранието.
ВМРО-ДПМНЕ се против целата ЕУ“, стои во реакцијата на СДСМ.

15.07.2022 - 14:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега