ВИДЕО: Скопје се украсува, но недостасува новогодишна атмосфера

 

И покрај ситуацијата со вирусот Ковид 19, центарот на главниот град е украсен.

За оваа намена градските власти издвоија 200.000 евра.

Поради забраната за работа на угостителските објекти после 21 часот, градот е речиси празен во вечерните часови.

Но, уличните музичари се тука секоја вечер за да ги забавуваат малкуте скопјани кои излегуваат на прошетка.

Украсувањето на градот се уште трае. 

Надлежните кои работат навечер со полициска придружба, поставуваат светилки на булеварите.

Но, поради пандемијата, во Скопје не може да се почувствува новогодишната атмосфера. Дури и фрекфенцијата на возилата е многу намалена.

Дали ќе има новогодишен пречек и дали ќе се одржи манифестација „Винтерленд“, ќе зависи од епидемиолошката слика односно од состојба со коронавирусот, кажа градоначалникот Петре Шилегов.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.12.2020 - 12:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега