(ВИДЕО) Стоилковски: Вработувањето на сопругата на пратеникот Костовски во МНР е сокриено и тајно

Изминаа 24 часа а ниту МНР, ниту министерот Османи, ниту  пратеникот Мартин Костовски, ниту Димитар Ковачевски од антимакедонската СДС,  никој не се јави со реакција за скандалот поврзан со неопходноста за вработување на сопругата на Мартин Костовски во МНР. Ова го потенцираше портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски на денешната прес-конференција посветена на вработувањето на сопругата на Мартин Костовски, Ивана Костовска во МВР.

Тој вели дека нејзиното вработување било сокриено и тајно.

„Ова е најдиректен, најсилен случај на непотизам, кронизам, корупција, партизација, злоупотреба на позиција, влијание од позиција, зошто да не и трговија со влијание за глас во Собранието! Уште еднаш, сопругата на Мартин Костовски пратеник во Собранието, од антимакедонското  СДС, е вработена во МНР, во јули, додека се гласаше за бугаризација на Македонија! 

Вработувањето е сокриено, тајно, направено со преземање од друга институција, веројатно од општинската администрација на Куманово. Е па скандалозно е да нема одговори од Ковачевски, Османи и Костовски. Заради кои квалификации и каква додадена вредност носи сопругата на Мартин Костовски за да биде преземена во МНР? 

На која работна позиција имало толкава неопходност да наместо со јавен оглас, сопруга на пратеник од власта биде преземена од општинска администрација?  На која точно работна позиција и функција Бујар Османи  ја поставил преземената сопруга на Мартин Костовски? “, прашува Стоилковски.

„Доколку Ковачевски и Османи не одговорат за вистинска итност и неопходност од специфични квалификации за определена позиција, за коишто можеби ги поседува сопругата на Мартин Костовски и коишто се неодложни и неопходни за МНР во моментов; тогаш се работи за класична злоупотреба корупција и трговија со влијание! 

Македонија тоне меѓународно и дипломатијата реди порази и предавства, затоа што МНР го претворија во дом за задоволување фрустрации, дом за миленици и сопруги“, истакна портпаролот Стоилковски.

13.09.2022 - 12:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега