ВИДЕО: Стојкоски: Зборуваат за косоваризација, а не може да се даде ни градежна дозвола, бетонизација-нема, наследивме урбан холокауст


Градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, во подкастот „Претрес со Ландов“ зборуваше за бетонизацијата, лажните вести поврзани со наводна т.н. косоваризација на општината, за ДУПОТ СЗ-16, проблемите во Хром, фабриката Купром, развојот и проблемите на граѓаните. 
 
Во врска со т.н.косоваризација на Ѓорче, Стојкоски во интервјуто  со Ландов истакна: „Апсолутно е неточно. Таму во моментов нема никакви локациски услови за градба. Не може да се дојде ни до момент на давање градежна дозвола, зошто за да се дојде до тоа мора земјиштето да биде средено. Тука додека се исполнат локациски услови за градба треба долго време. Да не се создаваат меѓуетнички тензии со лажни вести.
 
 
Во врска со прашањата за Купром и Хром, Стојкоски истакна дека се лекуваат последиците од претходниците: Кај Купром наследивме план кој е урбан холокауст. Тоа што стана Хром сега не ми се допаѓа, но морам да го спроведувам ДУП от. Ги лекуваме последиците. Сега ќе правиме нова спортска сала кај училиштето, се обидуваме да најдеме решение за Полјана, бидејќи е 10.000 квадрати приватен имот, и таму општината со директна инвестиција не може да влијае. Голема рак рана на Хром е Купром. Планот кај што е не може да се реализира поради законски пречки
 
Во населбата Александрија, нагласи Стојкоски,  поставивме ново улично осветлување. 

Ќе го исполнам ветувањето и за нова пешачка патека и ново детско игралиште. Во новиот план за првпат обезбедивме локација за градинка. Избришавме маркица за зграда, а имаме и просторни услови за изградба на училиште - информираше Стојкоски во врска со прашањата за проекти во Александрија.
 
За Волково, рече, градоначалникот Стојкоски, имаме план за нови детски катчиња.

Ќе се реконструира игралиштето Бранители во Волково со нова подлога. Сега сме во офанзива. Има уште една локација на последна 22-ка, односно на улица 101 каде ќе се потрудиме со сопствени средства да реализираме детско катче и нов спортски терен“, информираше тој во Претрес со Ландов.
 
Планираме проширување на капацитетите на детските градинки, рече Стојкоски, нова градинка во Стопански Двор, на СЗ 16, и уште една локација во Ново Село. -Започнавме со реконструкција на спортските терени на училиштата, како и реконструкција на истите. Сериозен предизвик е да вратите долг од преку 2 милиони евра и да реализирате капитални инвестиции од 190 милиони денари во последните 2 ипол години и го сметам за успех - рече Стојкоски во врска со нови проекти во образованието.
 
Голем проблем има Ѓорче Петров со сметот, а Стојкоски посочува дека се потекнува од Комуналното претпријатие на Град Скопје кое е задолжено за чистење и собирање. 

Многу е сериозна темата со мини депониите и, како што додаде, точно го знаеме изворот зошто ни се случува. Немаме доволно комуникација со градските служби. Единствено надлежни се ЈП Комунална хигиена во урбан дел, додека во рурален имаме договор со приватна фирма. Проблемот се јавува каде што имаме мешана средина. Мора драстично да се зголемат казните. Јас ќе го решам тој проблем преку набавка за изнајмување опрема за санација на сметот на наш трошок“, нагласи Стојкоски.
 
Се планираат реконструкции и во наредниот период.

Во следниот период планирам на ул. "Радушка" да следат последните фази од реконструкција. Почнуваме серија на реконструкција и изведба на нови спортски терени, а во подрачното училиште во Хром ќе правиме нова спортска сала. Ќе имаме засилена активност и на проектот "Ѓорче Петров без кал". Направени се 50 улици во изминатиот период, и периодов ќе стартуваме со ново асфалтирањеподвлече Стојкоски во подкастот "Претрес" со Кристијан Ландов.

13.04.2024 - 13:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега