(ВИДЕО) Талевски: Законите со европско знаменце се за коридорите и за проектите финансирани од ЕУ

Со недели ВМРО-ДПМНЕ и Левица водат хајка против изградбата на делниците од коридорите 8 и 10Д и против реномираната американска компанија Бехтел, истакна на денешната прес-конференција Миле Талевски, пратеник на СДСМ.

„Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ секојдневно бараа Договорот за коридорите да се достави во Собранието, а сега, молчат и не кажуваат кога и на која собраниска комисија тој Договор да се разгледува. Наместо дебата и конструктивност, ВМРО-ДПМНЕ шири лажни вести за цената, за роковите за изградба на делниците“, додава тој.

Тоа, како што вели, покажува дека ВМРО-ДПМНЕ сака по секоја цена да ја одложи реализацијата на проектот, изградбата да трае подолго, а државата да плати 150 милиони евра повеќе.

Според Талевски, изградбата на коридорите е најголема инвестиција во инфраструктурата во историјата на државата во вредност од 1.3 милијарди евра каде ќе се изградат 110 километри автопатски делници на коридорите 8 и 10Д.

„СДСМ и парламентарното мнозинство нема да дозволат блокада на овој капитален проект и нема да дозволивме при неговата изградба да се повтори хаосот од автопатот Кичево – Охрид.
Со предог законите кои влегуваат во собраниска процедура се унапредува ефикасноста во изградбата на патната, железничката и енергетската инфраструктура во државата.
На тој начин, се обезбедува побрза, поевтина и квалитетна изградба не само на овој проекти, туку и за сите идни национални и стратешки проекти, како автопати, железници, гасоводи и слично. Меѓу нив спаѓаат и проекти финансирани од ЕУ, од меѓународни финансиски институции“, рече тој.

Сите предложени законски измени, како што додаде, се во согласност со Уставот и со нивното донесување ќе се заштедат 150 милиони евра и две години изградба за коридорите 8 и 10Д.

Оценува дека изградбата на овие коридори носи економски придобивки, со отворање на 8.000 нови работни места и номинален раст на БДП од два отсто годишно.

08.05.2023 - 14:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега