(ВИДЕО) Ветер сруши сцена на музички фестивал во Шпанија, загина едно лице

 

Едно лице загина, а најмалку 17 се повредени кога силниот ветер урна дел од структурата на сцената на музички фестивал во источна Шпанија, соопштија регионалните служби за итни случаи.

Несреќата се случила во раните утрински часови на големиот фестивал на електронска музика „Медуза“, кој започна во петокот и беше планирано да трае шест дена во градот Кулера на источниот брег, јужно од Валенсија, пренесува „Ројтерс“.

Околу четири часот утринава силните налети на ветерот донесоа делови од градбата врз присутните, а падна и голема табла на влезот.

28 годишен млад маж починал како последица од паѓање на делови од конструкцијата, а најмалку 17 лица се повредени, од кои тројца со тешки трауми, објавија на Твитер регионалните служби за итни случаи.

Организаторите на фестивалот соопштија дека, заради безбедност на посетителите, настанот е откажан поради лошите временски услови.

13.08.2022 - 15:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега