ВИДЕО:Тепачка во Парламентот во Грузија, пратеник удиран по глава


Во грузискиот парламент дошло до физичка пресметка меѓу пратеници при разгледување на законот за странски агенти, јавува агенцијата „Нова“.

Инцидентот се случил денеска за време на седницата која во живо се пренесувала на веб-страницата на Законодавниот дом.

За време на испрашувањето, лидерот на опозициската партија „Граѓани“, Алеко Елисашвили, го нападна извршниот секретар на владејачката партија „Грузискиот сон“, пратеникот Мамуку Мдинарадзе.

На снимките Елисашвили го удира Мдинарадзе во глава.

Во конфликтот потоа, како што пренесува медиумот се приклучуваат и други пратеници.

Преносот во живо беше прекинат, а Елисашвили беше изведен надвор од собраниската сала.

15.04.2024 - 15:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега