Викендов облачно и дождливо, од вторник намалување на температурите

Времето утре ќе биде променливо облачно време, а попладне и вечер ќе има повремени врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни и поројни особено во западните делови. Облачно и дождливо ќе биде до вторник, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Под влијание на студена воздушна маса, во вторник ќе дува засилен северен ветер, а температурата значително ќе се намали. На планините и на повисоките места особено на запад врнежите ќе бидат од снег, а во текот на денот можно е да провејува снег и на некои пониски места. Поради разведрување во среда и четврток утринските температури насекаде ќе бидат негативни, соопштија од УХМР

27.11.2021 - 15:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа