Високите температури оваа зима ги соборуваат сите рекорди во Европа

 

Рекордно високите зимски температури зафатија делови од Европа во пресрет на новата година, при што активистите повикаа на побрза акција против климатските промени додека владите се одмораат од испораките на гас со високи цени.

На стотици локации измерени се рекордни температури во претходните денови – од Швајцарија до Полска и Унгарија, каде што Будимпешта го имаше најтоплиот Божиќ досега, со температура од 18,9 Целзиусови степени на 1 јануари.

Во Франција ноќта од 30 до 31 декември беше најтопла откако се направени мерењата. На југозапад од земјава на новогодишната ноќ се измерени дури 25 степени, а скијачките центри се празни бидејќи никаде нема снег.

Чешката телевизија објави дека дрвјата почнале да цветаат во некои градини, а швајцарската метеоролошка и климатска служба издаде предупредување за алергија на полен поради рано цветање на костенот.

Во шпанската Баскија во Билбао измерени се 25,1 степени, а луѓето се сончале пред музејот „Гугенхајм“ или се шетале покрај реката Нервион.

Научниците сè уште не ги анализирале специфичните начини на кои климатските промени влијаат на неодамнешните високи температури, но топлиот јануарски период се вклопува во долгорочниот тренд на затоплување на планетата поради климатските промени предизвикани од човекот.

05.01.2023 - 22:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега