ВМРО-ДПМНЕ: 26 животи згаснаа поради неспособноста на Венко

Филипче и на полноќ да ги објави резултатите нема да ги покријат траорните бројки. Филипче не дава оставка, а тоа е најмал чин кој може да го направо во оваа ситуација, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на денешната статистика на починати, новозаразени и оздравени во државата.

-Филипче бидејќи не дава оставка го прашуваме дали чувствува задоволство во својата фотеља кога гледа како се губат животи. Соодветна терапија нема секаде и за секого, затоа прашуваме зошто озонската терапија ја нема во јавното здравство односно се дава редуцирано додека за пари во приватното здравство ја има. Не само што нема соодветна терапија и доволно истата и не е достапна сегаде и за секого, граѓаните умираат по пат до болница или во болнички ходници или оние кои стасуваат во болница се лечат во руинирани објекти. За црните рекорди Филипче мора да одговара. За црните рекорди Филипче оставка – веднаш, се вели во реакцијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.11.2020 - 22:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега