ВМРО-ДПМНЕ: Ахмети да престане да краде, време е ДУИ да оди во опозиција
Ахмети треба да биде свесен дека набрзо големиот брат ќе стане многу мал и заедно со неговиот подизведувач СДС ќе одат во опозиција. Затоа што 8 години печалат на грбот на народот со криминал и корупција, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
ДУИ, според опозициската партија, живее од Албанците, а не за нив.
„Со некаква лажна борба, зад која се кријат лични интереси си ја штитат власта. Колку повеќе владее ДУИ и СДС во државата, толку помалку народ има во Македонија. Колку повеќе Артановци на сцената толку помалку е среќен народот во Македонија. 22 години ДУИ е извор на скоро сите порази на државата. 22 години ДУИ е дел од сите афери, од сите скандали, од сите патења на народот. Времето на крадење пари и крадење среќа завршува. За сите погрешни политики, за сите криминали одговорност ќе има“, потенцираат од партијата преку нивното соопштение.
Време е, како што оценуваат, за пензија и опозиција.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа