ВМРО-ДПМНЕ: Ако СДС пронајде струја која ја произведува Мицкоски тогаш слободно нека ја одземе

Ако СДС пронајде струја која ја произведува Мицкоски тогаш слободно нека ја одземе, во спротивно што правиме со 26-те милиони евра тешката афера „Броило“, велат од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачаа дека Ковачевски заедно со неговиот кум создал соларен картел преку кој се свртеле над 26 милиони евра, преку тендери од државни институции, како и државна помош.

„Граѓаните за овие пет години откако СДС е на власт чувствуваат единствено кризи. За овие пет години откако СДС е на власт единствено има криминал, корупција и заробено судство. За овие пет години СДС единствено успеа да изгради картели, криминогени мрежи за лично богатење и за осиромашување на народот. Во овие пет години по нарко марихуанскиот картел, сега владее соларен картел којшто ја осиромашува Македонија. Граѓаните со СДС на власт немаат ниту парно, ниту гас. Со СДС на власт единствено се затвораат фабрики“, велат од партијата.

 

03.10.2022 - 19:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега