ВМРО-ДПМНЕ: Арсовска и ДУИ го претворија Скопје во депонија – време е за крај на хаосот
Од ВМРО-ДПМНЕ денеска реагираа на состојбата со управувањето со депонијата „Дрисла“ и јавната чистота во Скопје, обвинувајќи ја градоначалничката Данела Арсовска дека коалицирала со ДУИ, СДСМ и Левица за создавање хаос и нефункционалност во градот.
„И врапчињата знаат дека со Дрисла раководи ДУИ“, стои во реакцијата на партијата, од каде нагласуваат дека неспособноста на Арсовска и нејзините партнери е директна причина за, како што велат, лошата состојба со ѓубрето и отпадот во Скопје.
Според ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните не се виновни за кризите што се создаваат, а градот не смее да остане заложник на, како што ја нарекуваат, „штетната коалиција СДС–ДУИ–Левица“.
„Време е да се стави крај на црните сценарија, фабрикуваните кризи и штетните политики што ја уништуваат животната средина и секојдневието на скопјани“, додаваат од партијата.
Тие најавуваат дека ВМРО-ДПМНЕ и кандидатот за градоначалник Орце Ѓорѓиевски имаат „сеопфатна стратегија за почиста животна средина, почист воздух и намалување на бројот на диви депонии“. Партијата уверува дека нивниот план нуди реални решенија за проблемите со отпадот и загадувањето во главниот град.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа