ВМРО-ДПМНЕ: Добро е што СДСМ чита што народот мисли за нив и дезертерот Зоран Заев, нема да бидат изненадени од поразот кој им следи

 

СДСМ се дрзнува да збори за комуникација, кога нема граѓанин кој Заев до сега јавно не го навредил, велат во реакција од ВМРО- ДПМНЕ на прес конференцијата на Стефан Васев.

„Но од лице кое е познато со изјавите „ *баму името, *баму; „Се’ ќе соберам купче и шуто и рогато“; „После мамето ќе им го *бам“; Да ми прости ЈГБТ заедницата, еден ....“,  лице за кое медиумите се непријатели, а новинарите суетни, лице кое со секој негов говор или изјава се скандалозни не се ни очекува ништо поинаку освен да продолжи да навредува.

СДСМ изгледа не трга очи од профилите на Христијан Мицкоски, главна преокупација им е што ќе пише претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Ги поздравуваме напорите од штабот на Бихаќка за набљудување на тоа што Мицкоски го пишува на Фејсбук, добро е да се прочита што народот мисли за нив и Зоран Заев и колку луѓето се незадоволни од начинот на кој ја водат државата.

СДСМ да не бега од темите, оваа нивна влас која воведе кризна состојба, а чии функционери ја напуштаа државата кога најмногу беше потребно, се класични дезертери.

Зоран Заев ја претвори Македонија во оаза на криминалот со издавање на државјанства и пасоши на белосветски криминалци,  а државните институции наместо сервис на граѓаните ги претвори во „ДООЕЛ Заеви“ во служба на криминалот.

Сега на ред во кланот Заеви е притисокот врз пратениците за гласање на уште една легализација на нарко картелот Заеви, европско знаменце на законот за марихуана за уште една победа на криминалот и корупцијата во МакедонијаМ

Ако досега на СДСМ не и е јасно дека ќе изгубат затоа што се далеку од европските вредности кои не ги испорачаа, а народот го исполажаа, ќе се уверат на локалните избори„
 стои во реакцисјата од ВМРО-ДПМНЕ.

Крајот за дезертерите и криминалците е близу.

15.08.2021 - 13:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега