ВМРО-ДПМНЕ: Двојно го победивме СДСМ во Тетово, Ковачевски може да победува само со имагинарен противник

 

ВМРО-ДПМНЕ целосно ја делегитимира СДСМ и Димитар Ковачевски на изборите. Убедливата победа на ВМРО-ДПМНЕ во Тетово наспроти поразот на СДСМ покажува дека власта нема повеќе кредибилитет да продолжи да раководи со институциите. Народот е незадоволен, разочаран и револтиран и се чувствуваат излажани и измамени од власта. Победата на ВМРО-ДПМНЕ и БЕСА над СДСМ и ДУИ само потврдува дека народот е против оваа криминалната коалиција, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека апсурдно е што СДСМ и Ковачевски поразот го прославуваат како победа, кога резултатот на изборите покажа дека народот е опозициски расположен. Прославувањето на победа на Ковачевски и СДСМ во Центар Жупа кој притоа беше единствен кандидат и тоа од Демократската партија на Турците во најмала рака е смешно, бидејќи според изјавата на Ковачевси СДСМ таму се борела со имагинарен противник.

Ова покажува дека Ковачевски може да победува само со замислени противници. И затоа треба да си поднесе оставка. ВМРО-ДПМНЕ има најголем број на градоначалници и советници во советите на општините. ВМРО-ДПМНЕ двојно ја победи СДСМ во Тетово и докажа дека е фаворит меѓу граѓаните, токму затоа СДСМ бега од предвремени парламентарни избори.

На Македонија и се потребни предвремени парламентарни избори час поскоро и луѓе кои ќе внесат нова надеж, енергија и сила кои што ќе создаваат нова иднина, се вели во соопштението.

22.08.2022 - 09:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега