ВМРО-ДПМНЕ: Филипче воведе дискриминаторски, фашизоидни мерки за граѓаните, угостителите ги уништува, а тој си се врати на одмор

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Зоран Заев и Венко Филипче воведоа мерки кои ги диксриминираат граѓаните, а угостителите ги уништуваат.

-Немаше мерка, ниту одговор на ниту еден од трите корона бранови, а нема ни на прагот на овој 4-ти бран со корона. Граѓаните од понеделник не можат да социјализираат, не може на кафе да седнат, угостителите не знаат како да постапуваат со гостите од понеделник, а од нив живеат. Заев и Филипче направија целосен хаос. Филипче воведе крајно дискриминаторски и фашизоидни мерки и си замина на одмор, односно се врати на одмор. На ова однесување граѓаните ќе стават крај, информира МВР.

Веќе никој ништо не очекува од Заев и Филипче. Спасот е само нивното заминување од функциите.

13.08.2021 - 09:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега