ВМРО-ДПМНЕ: И догодина државата ќе се задолжува за нови над пола милијарда евра

Зоран Заев нема стратегија за раст и развој, неговата стратегија е за пропаст и очај. Тој денеска најави дека догодина планира повторно да ја задолжи државата и да го зголеми јавниот долг за нови на пола милијарда евра. Буџетот не е развоен, туку уназаден. Нема стратешки проекти, нема развој.

Ова вечерва го истакна опозициската ВМРО-ДПМНЕ во реакција на прес-конференцијата на која беше презентиран буџетот за следната година. Според партијата, Заев не кажал како планира да зголеми приходите во буџетот, ниту како ќе ги врати на работа над 40.000 граѓани кои останале без работа во изминатиот период.

-Заев не кажа ниту како ќе им помогне на фирмите, или уште е на ставот дека ќе ги остави да пропаднат. За да се задолжуваш, мора да инвестираш во добра кои имаат додадена вредност, а не во работи кои не генерираат дополнителни приходи, така само тоне државата и доаѓаме до ниво на инсолвентност. Кој инвеститор ќе му верува на Заев кога тој намерно дозволи да пропадне Еуростандард банката од која кредити без покритие земаа струмички фирми?! Како економијата ќе биде стабилна кога сите слушаме како власта го договара ДУП-от за ШИК Јелак?! Зоран Заев има целосно промашена економска стратегија. Тоа е стратегија на криминал и корупција.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.11.2020 - 19:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега