ВМРО-ДПМНЕ: Извештајот на Транспаренси Интернешнл е само потврда дека со Македонија владее мафија која се богати на грбот на народот

Со Заев на власт Македонија секоја година тоне се повеќе во корупција. Последниот извештај на Транспаренси Интернешнл покажува дека Македонија има историски највисоко ниво на корупција и е сместена на 111 место, 5 места полошо од лани. Подобро од нас со корупцијата се справува Косово, Брегот на слоновата коска, Белорусија и стотина други земји во светот, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

Од партијата наведуваат дека овој извештај само потврдува дека со Македонија владее мафија која се богати на грбот на народот. Затоа мафијата на Заев јаде со златни лажици, а обичниот граѓанин нема ни за леб.

„Овој извештај покажува дека нема апсолутно никаква институционална борба со корупцијата, нема реална разрешница на големите коруптивни скандали како „Леонардо“, набавката на реагенси, скапите грејдери во одбрана, финансирањето на магариња и фризерници со европски средства, рекетот, торбите со снопчиња пари и десетици други корупциски мега скандали на власта.

Се е поклопено од страна на мафијата на власт, и законодавната и извршната власт, обвинителството и судството, антикорупциските тела и органи. Сите тие се ставени во функција на заштита на криминалот и корупцијата, наместо да се борат против нив.

Ете затоа Македонија е најкорумпираната држава во Европа и една од најкорумпираните во светот и се дури е Заев на власт државата ќе тоне на ваквите ранг листи“ стои во соопштението

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.01.2021 - 09:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега