ВМРО-ДПМНЕ: Ќе ја прошириме позитивната листа на лекови и ќе ја подобриме достапноста на здравствените услуги

 

Во партиско соопштение, ВМРО-ДПМНЕ велат дека нивната Влада ќе има за цел проширување на позитивната листа на лекови и подобрување на достапноста на здравствените услуги за сите граѓани

Со проектот на регионализација, што ќе значи добро кадровски и инфраструктурно опремени регионални болници ќе ги подобриме здравствените услуги низ целата држава. Како врвен приоритет е изградба на Клиничките центри во Скопје и Штип, од кои вториот ќе биде регионален центар за тој дел од државата. Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе иницира јакнење на капацитетите на итната медицинска помош. Граѓаните на секаде ќе добијат квалитетни услуги - истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Заврши времето кога пациентите беа понижувани, а здравствениот кадар омаловажуван. ВМРО-ДПМНЕ ќе се насочи на ефективен и ефикасен здравствен систем. Здравството кое СДС и ДУИ го уништија ќе го обновиме - додаваат од опозициската партија.

05.02.2024 - 09:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега