ВМРО-ДПМНЕ: Ќе забраниме увоз на тутун дури не се откупи последната количина од домашното производство

Тутунот е стратешка земјоделска култура од која живеат десетици илјади семејства во Македонија. Власта на Заев покажа дека не се грижи за нивниот труд, туку се става на страната на откупувачите и затоа тутунарите не можат да си го наплатат својот труд, се чувствуваат изневерени и погазени, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-ВМРО-ДПМНЕ секогаш било и ќе остане на страната на чесниот земјоделец. ВМРО-ДПМНЕ во првата можност ќе го измени законот за тутун и ќе забрани увоз на тутун се додека не се откупи и последната количина тутун произведена од македонскиот земјоделец. На овој начин ќе се постигне повисока откупна цена на тутунарите и реално вреднување на нивната мака и труд. Не смее да се дозволи уште една пропадната реколта во која тутунопроизводителите ќе продаваат килограм тутун по цена од една кутија цигари, цена која не е доволна да ги покрие основните трошоци за производство, а не пак да остане нешто за живот на овие вредни семејства, велат од партијата.

ВМРО-ДПМНЕ истакнува дека овие четири години власт на Заев се четири украдени години за граѓаните, а посебно за тутунопроизводителите.

 

-Наместо македонскиот тутун да се откупи по реални цени, Заев овозможи да се увезува тутун од странство и на тој начин тутунарите ги доведе во подредена положба и да бидат ограбени. Доста е, велат тие.

31.07.2021 - 11:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега