ВМРО-ДПМНЕ: Кој му даде мандат на Заев да преговара и да потпише нон пејпер, за кого дознавме од медиумите?

 

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ остро реагира поради тоа што нон-пејперот од состанокот во Берлин е објавен од австриски новинар, сомневајќи се дека власта се обидува сокрие нешто.

-Кога ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Христијан Мицкоски тврдеа дека постои нон пејпер кој Заев го договара, од власта кажуваа дека се измислици? Сега кога од австриски новинари се дознава дека не само што бил нуден туку и нон пејпер е потпишан, предавничката неспособна влада на Заев молчи? Прашањето е од кого доби дозвола Заев да преговара и која е вистинската соддржина на нон пејперот за кој медиумите пишуваат и што сака Заев да сокрие од јавноста? Дали сега ќе се извини Заев за тоа што ја лажеше јавноста?, се вели во реакцијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.11.2020 - 18:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега