ВМРО-ДПМНЕ: Која е гаранцијата дека Рашковски нема повторно да влијае врз обвинети и сведоци?

Драги Рашковски влијаеше врз обвинети како да се однесуваат и да ги манипулираат обвинителите, која е гаранцијата дека нема повторно?, прашува опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, Рашковски праќал пораки до обвинетите кога комуницираат со него да пишуваат со стручна терминологија за да не ги разберат обвинителите.

-„Слушај, изразувај се стручно, овие се глупи, ништо нема да те разберат“. Ова е пораката која Драги Рашковски ја испратил до газдата на Инвока, фирма од која тој како Генерален секретар од страна на Генералниот секретаријат на владата го набавил софтверот кој сам го патентирал. После оваа порака на Драги Рашковски му е преиначен куќниот притвор во затворски. Оваа порака индицира дека Рашковски и газдата на Инвока имаат нешто да сокријат од ЈО. Која е гаранцијата дека Рашковски кој вршел влијание врз обвинети и сведоци, нема да го стори истото повторно? Како ЈО се уверило дека Рашковски нема да влијае врз постапката, сведоците, и доказите?, прашува ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата појаснува дека Рашковски е под сомнение оти извршил набавка и на неколку други софтвери каде има сомнеж за корупција.

-Рашковски е фатен со рацете во медот. 4 години Рашковски и Заев прават криминал и корупција, 4 години со Заев, 4 години украден живот. Доста е, се вели во дописот.

 

07.06.2021 - 09:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега