ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски е дефакторизиран, никој не го прашува за ништо
Ковачевски е дефакторизиран, никој не го прашува за ништо, негови пратеници не гласаа, избори се решение, реагира опозициската ВМРО-ДПМНЕ по интервјуто на премиерот Димитар Ковачевски во Дневникот на Сител.
-Цела година Ковачевски шири лаги дека ќе има уставни измени, дека ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи и што уште не. Не само што нема уставни измени, и што ВМРО-ДПМНЕ е конзистентно на ставот против уставните измени, туку и пратеници од СДС и коалицијата се против. Ковачевски не може да избега од фактот што во Собранието имаше 70, а не 73 пратеника колку што тврди дека поддржуваат уставни измени, велат од опозициската партија.
Според ВМРО-ДПМНЕ, Ковачевски и СДСМ ја донеле Македонија во ќорсокак, прифаќајќи услови за кои, како што велат оттаму, против се 80% од граѓаните.
-Политиките на Ковачевски не соодвествуваат со ставот на мнозинството Македонци. И самиот Ковачевски знае дека уставни измени нема да има, се што прави е ден повеќе да ја задржи својата позиција. Не му се важни ниту граѓаните, ниту државата. Но треба да е свесен додека тој себично размислува за себе и за кликата околу себе, Македонија тоне. Единствен излез од оваа криза се само избори, се вели во реакцијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа