ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски поразите си ги покрива со лаги, вистината е дека со Мицкоски како директор на ЕЛЕМ струјата поевтини

„Секогаш кога антимакедонската СДСМ спроведува криминал и прави предавства се служи со лаги. Па така огромна лага е дека во време на директорувањето на претседателот Мицкоски со ЕЛЕМ се купувало скапа струја и дека поскапела струјата“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ објави и неколку факти.

„1.  Откако Мицкоски е именуван за советник во владата Април/2015 година, до негово разрешување како генерален директор на ЕЛЕМ во Август/2017 година, струјата за граѓаните поевтинува од 4,47 ден/kwh на 4,45 ден/kwh или околу 0,5%, а до скоро граѓаните плаќаа 5,87 ден/kwh или за околу 32% поскапа струја од времето кога претседателот Мицкоски е разрешен од местото генерален директор на ЕЛЕМ, или по последното поскапување од 1ви јули оваа година, граѓаните плаќаат за 50 % поскапа струја, а стопанството, поточно компаниите за 400% поскапа струја.

2.  Мицкоски ЕЛЕМ го остави со полна каса, цели 30 милиони евра, поточно 25 милиони евра депозити и 5 милиони евра пари на сметка. Сега долгот на компанијата е близу 30 милиони евра“, објавија од партијата.

Според опозициската партија, криминалот и незнаењето да се работи се главните причини зошто граѓаните плаќаат за 50%, а компаниите за 400% поскапа струја.

„Заклучокот е јасен. Ковачевски да си ги покрие поразите и предавствата лаже. Вистината е дека со Мицкоски како директор на ЕЛЕМ струјата поевтини, а денес со антимакедонската СДС се плаќа за 50% поскапа струја, а ЕЛЕМ има долгови од 30 милиони евра“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

29.08.2022 - 09:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега