ВМРО-ДПМНЕ: Лагите кои Костадинов ги кажа за Мицкоски нека ги каже надвор од пратеничка говорница за да може да му се поднесе тужба

Костадин Костадинов безсрамно лаже и манипулира, а при тоа ја злоупотребува пратеничката говорница, која му дава имунитет за кажаните навреди и клевети, реагираат  од ВМРО-ДПМНЕ.

Во реакцијата неведуваат дека доколку Костадин Костадинов верува дека е точно тоа што го зборува, го повикуваме да го каже надвор од Собраниската говорница, каде нема да го штити имунитетот за изречените лаги и клевети, и тогаш ќе биде поднесена кривична пријава против него.

„Костадин Костадинов само сака да ја дефокусира јавноста за поврзаноста на СДСМ со пропаѓањето на Еуростандард банката и испумпувањето на 13 милиони евра од истата преку фирмата на Вице Заев и 29 други струмички фирми.

 

Костадин Костадинов ги заташкува трагите кои водат директно до неговиот шеф Зоран Заев и неговото семејство“ велат во реакција од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.11.2020 - 16:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега